Индија го држи во заложништво италијанскиот амбасадор затоа што Италија одбива да ги врати двајцата иалијански маринци обвинети за убиство на двајца рибари. Властите во Индија на неодредено време му ја продолжиле забраната за напуштање на земјата.
Амбасадорот Даниејеле Манчини на индискиот суд му дал писмено ветување дека маринците ќе бидат вратени во Индија до 22 март, но Италија соопштила дека тие нема да се вратат. Судот потоа му забранил на Манчини да ја напушти земјата и од него побарал да ја образложи постапката.
Амбасадорот се повикал на неговиот дипломатски имунитет и реагирал дека гаранцијата била одраз на ставот на италијанската влада кој бил променет, но судијата сметал дека тој го прекршил ветувањето.
Спорот нанесе големи штети на односите меѓу Индија и Италија, а индискиот премиер Манмохан Синг се заканил дека ќе има последици ако Италија не ги врати маринците. Индиското Министерство за надворешни работи минатата недела соопштило дека Индија ги разгледува сите аспекти на односите со Италија.
Италијанските власти тврдат дека инцидентот се случил во меѓународни води и дека Рим треба да ја има јурисдикцијата, а Индија. пак, тврди дека бродот бил во индиски територијални води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)


