-Лицето С.С.(23) од Порој се здобило со три убодни рани по бурната расправија и тепачка меѓу повеќе лица што вчера околу 18 часот и 30 минути се случила на улицата „ЈНА“ во Тетово во меѓупросторот каде што има повеќе кафулиња – информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации, како осомничен дека извадил и употребил остар предмет при тепачката е малолетник со неполни 16 години од Тетово, кој при тоа му нанел три убодни рани на С.С., во левата натколеница, левата подлактица и левата страна од градите.
– Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде поради обилното крварење од тешките телесни повреди бил препратен во скопскиот клинички центар Мајка Тереза каде бил примен во контактибилна состојба. Осомничениот малолетник заедно со негов родител биле повикани во полициската станица Тетово при што бил обавен разговор додека екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на самото место на кое пронашле, фотодокументирале и подигнале повеќе траги за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот – изјави Јосифовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?