| четврток, 6 декември 2018 |

Оперски пејачи од Јапонија во Скопје и во Битола

blagoj_nacoski_japonija-342x480Во организација на Дирекцијата за култура и уметност, вчера во Домот на АРМ во Скопје се одржаа два концерта со јапонски музичари, а денеска ќе се одржи во Центарот за култура во Битола,. Една од уметниците што ќе настапи во Македонија е сопранот Нобуко Такахаши, која му беше партнерка на македонскиот тенор Благој Нацоски во операта „Љубовна напивка“, со која тој настапи во Јапонија. Јапонските уметници ќе изведат дела од Верди, Пучини, Пуленк, Лехар, Шопен, Рахмањинов, Шуман, Лист.

Инаку, ова гостување е договорено токму од македонскиот тенор Благој Нацоски, кој беше на двонеделен престој во Јапонија ангажиран во неколку проекти. Нацоски, покрај настапите и одржувањето на мастерклас за студенти од Јапонија по оперско пеење, успеал да иницира и да воспостави контакт со Кацухиро Котецу, познат јапонски оперски пејач и претседател на Токиската опера, режисер и продуцент, со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Македонската и опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top