
Македонско-руската компанија, која пред неколку месеци почна да работи во технолошко-индустриската зона „Бунарџик“, ги пушти своите производи на пазарот. Низ сите големи супермаркети во земјава, Веро, Тинекс, Рамстор, СП Маркет, како и во аптеките ќе се најде широката палета на здрави производи со висок квалитет од кои: седум вида конвенционални и органски житарки под трговското име „данкад“, органски пченкарни снегулки, органски мусли со житарки, органски мусли со овошје, органски овесни снегулки, интегрални снегулки од ориз и пченица, и интегрални снегулки од ориз и пченица збогатени со црвени плодови (Wellance).
– Од својата палета на производи, „Продис“ во маркетите ќе го пласира и својот широк спектар на сертифицирани чаеви под брендот „максан“, од кои девет вида конвенционални чаеви застапени во следниве вкусови – камилица, нане, коприва, липа, шипка со хибискус, мајчина душичка, оригано, зелен чај, како и пет вида сертифицирани органски чаеви застапени во следниве вкусови – камилица, коприва, нане, липа и шипка со хибискус – велат од „Продис“.
„Продис“ е една од низата фабрики што беа отворени во технолошко-индустриската зона „Бунарџик“. Неодамна беше направен и првиот извоз на рускиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


