Хомеопатската заедница во Македонија со повеќе активности утре ќе го одбелжи Месецот на хомеопатија.
Во Хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ по тој повод ќе се одржи краток курс за прва помош со хомеопатија, презентација на компанијата Продис, презентации за хомеопатија во агрономија и слично. Ќе говорат сертифицирани хомеопати во Македонија.
Во светот 10 април се празнува како Ден на хомеопатијата, по денот на раѓањето на таткото на хомеопатијата Цхристиан Фриедрицх Самуел Хахнеманн.
Хомеопатијата постои над 200 години и често ја именуваат како медицина пред антибиотикот. Во Македонија е присутна во последнава деценија. Станува се попопуларна, имајќи предвид дека нема несакани ефекти и контраиндикации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.