| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски чаеви и на украинскиот пазар

prodis caevi

Компанијата „Продис“, која почна со работа пред една година во слободната економска зона „Бунарџик“, во изминатиот период го направи првиот извоз на своите производи на пазарот во Украина.

– На потрошувачите во Украина им се достапни целокупниот асортиман на органски и конвенционални ДАНКАД житарки и асортиманот на органски и конвенционални МАКСАН чаеви. Вредноста на извозот на компанијата „Продис“ на пазарот во Украина изнесува околу 70.000 евра. Компанијата продолжи со проширување на своите логистички центри на меѓународниот пазар, со што во Украина го отвори своето претставништво како и магацински простор.

– Горди сме што македонскиот квалитет преку здравите производи ќе имаме можност да ги претставиме и на украинскиот пазар – велат од „Продис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top