| четврток, 6 декември 2018 |

Ерик Мантон, Американец што прави македонска ракија

Од спо­ред­бе­но­то искус­тво што го здо­бив низ го­ди­ни­те поч­нав да раз­мис­лу­вам за уба­ви­на­та на овош­ни­те ра­кии. Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­во овош­је на све­тот и ни­кој не пра­ви ра­ки­ја од не­го, ве­ли Ерик

Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ку­ќа што не пра­ви до­маш­на ра­ки­ја, не­ма се­мејс­тво што не одг­ле­ду­ва или ку­пу­ва гроз­је и што не ужи­ва во ри­ту­а­лот пра­ве­ње до­маш­но ви­но за сво­ја ду­ша, ама Аме­ри­ка­нец, кој про­из­ве­ду­ва врв­на ра­ки­ја од ма­ке­дон­ско гроз­је и кој збо­ру­ва со та­ква страст и љу­бов за пра­ве­ње­то ра­ки­ја, не сте за­поз­на­ле.

Освен ако лич­но не го поз­на­ва­те Ерик Ман­тон, дип­ло­мат во ОБСЕ, кој ве­ќе де­вет го­ди­ни, со по­вре­ме­ни пре­ки­ни, жи­вее во ре­ги­о­нов. Тој ре­ши да пра­ви до­маш­на ра­ки­ја од ма­ке­дон­ски про­из­во­ди. За сво­ја­та страст, пра­ве­ње­то ра­ки­ја, до­би и офи­ци­јал­на ве­ри­фи­ка­ци­ја на тру­дот. На Са­е­мот за ра­ки­ја во Бел­град, кој е нај­го­лем во ре­ги­о­нот, пред две го­ди­ни освои две злат­ни и еден сре­брен ме­дал. Зла­та­та беа за „пре­ми­ум ма­стер гранд ре­зрв“ и за ра­ки­ја­та од до­цен вра­нец. Сре­бро­то бе­ше за ра­ки­ја­та „хам­бург“.

erik02

– Чест ми е што ус­пе­ав да ја од­не­сам ма­ке­дон­ска­та ра­ки­ја на нај­го­ле­ми­от бал­кан­ски са­ем и што осво­ив­ме две зла­та и ед­но сре­бро. Мо­ја­та за­штит­на мар­ка „ал­хе­мист“ и уште ед­на, „ал­тан“, беа единс­тве­ни­те ма­ке­дон­ски прет­став­ни­ци на тој са­ем – ве­ли Ман­тон.

Ерик Ман­тон е ма­ке­дон­ски зет, среќ­но оже­нет со Ида Ни­ко­лов­ска, се­га Ман­тон, со ко­ја има две пре­крас­ни де­вој­чи­ња, две и пол­го­диш­на­та Ле­о­на и се­дум­ме­сеч­на­та Лу­ци­ја. Вљу­бен е во ма­ке­дон­ско­то овош­је, во ма­ке­дон­ско­то гроз­је, ло­зо­ви­те ри­до­ви што се про­те­га­ат во не­дог­лед, во хра­на­та, ра­ки­и­те, ми­ри­си­те, сон­че­ви­те де­но­ви, кои ги но­сат на се­бе нај­у­ба­ви­те бои…

При­каз­на­та за „ал­хе­мист“

За­ед­но со Ида го поч­наа па­ту­ва­ње­то по ма­ке­дон­ски­те ви­но­гор­ја истра­жу­вај­ќи, екс­пе­ри­мен­ти­рај­ќи низ го­ди­ни­те со гроз­је­то, овош­је­то, вку­со­ви­те. Ја ос­но­ваа мар­ка­та „ал­хе­мист“ и се­га нив­на­та па­ле­та про­из­во­ди, кои се нај­че­сто за до­маш­на упо­тре­ба, за де­гу­сти­ра­ње во до­бро друш­тво, по­ми­ну­ва­ат низ фа­за во ко­ја се со­о­чу­ва­ат со проб­ле­ми со кои се со­о­чу­ва­ат по­ве­ќе­то прет­при­е­ма­чи – про­на­о­ѓа­ње со­од­ве­тен парт­нер за оваа аван­ту­ра од хо­би да пре­рас­не во мал биз­нис.

– Два­е­сет го­ди­ни жи­ве­ам низ Евро­па и про­бу­вав, пи­ев, де­гу­сти­рав раз­лич­ни ви­до­ви гра­па, брен­ди, шнапс, што би рек­ле Гер­ман­ци­те за ра­ки­ја­та. Во 2003 го­ди­на ра­бо­та­та ка­ко дип­ло­мат во ОБСЕ ме до­не­се во Ма­ке­до­ни­ја и то­гаш прв­пат ја про­бав ма­ке­дон­ска­та ра­ки­ја. Пет го­ди­ни по­доц­на, во Охрид, со чич­ко Ри­сте го на­ло­жив пр­ви­от ка­зан за ра­ки­ја. Таа ра­ки­ја бе­ше од охрид­ска цре­ша. Ра­ки­ја­та бе­ше од­лич­на. Од спо­ред­бе­но­то искус­тво што го здо­бив низ го­ди­ни­те поч­нав да раз­мис­лу­вам за уба­ви­на­та на овош­ни­те ра­кии. Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­во овош­је на све­тот и ни­кој не пра­ви ра­ки­ја од не­го. За­тоа ре­шив јас да про­бам. Ра­бо­тев со мом­ци­те од „Ал­тан“ и со ед­ни на­ши по­ра­неш­ни се­меј­ни при­ја­те­ли, кои про­из­ве­ду­ва­ат од­лич­на ра­ки­ја и кои ми по­мог­наа да пра­вам раз­лич­ни екс­пе­ри­мен­ти. Се­га сме во пер­и­од на кон­со­ли­да­ци­ја. Пра­ви­ме по­ве­ќе екс­пе­ри­мен­ти за да ја за­до­во­ли­ме на­ша­та љу­бо­пит­ност и да ги усо­вр­ши­ме ве­ќе по­стој­ни­те про­из­во­ди. Нај­важ­но е да би­де­ме по­сто­ја­ни во ква­ли­те­тот на про­из­во­ди­те  – ја рас­ка­жу­ва Ерик сво­ја­та при­каз­на.

erik01

Про­из­во­ди­те на „Ал­хе­мист“

„Ал­хе­мист“ про­из­ве­ду­ва ло­зо­ва ра­ки­ја, овош­на ра­ки­ја, ли­кер и ви­но пор­то. Ло­зо­ва­та ра­ки­ја ја пра­ват од еден вид гроз­је ка­ко што е црн му­скат, мер­ло, вра­нец, тра­ми­нец, шар­до­не, а има­ат и ку­ве (тоа се ком­би­ни­ра­ни сор­ти гроз­је ка­де што се ко­ри­сти и сорт­но и тр­пез­но грој­зе). „Блек му­скат“, ко­ја има чист остар му­ска­тен вкус, „спешл ре­зрв“, ко­ја е кла­сич­на жол­та ра­ки­ја, ком­би­на­ци­ја од сор­ти­те афу­са­ли и вра­нец, ко­ја зрее во бе­ров­ски  да­бо­ви бу­ри­ња за­си­ле­на со  при­ро­ден вкус на ка­фе и на ба­дем, по­тоа „ели­ксир“, ко­ја е на­пра­ве­на од две автох­то­ни, тра­ди­ци­о­нал­ни ма­ке­дон­ски сор­ти кра­ли­ца и ран­ка. „Ал­хе­мист“ има овош­ни ра­кии од пра­ска, кај­си­ја, цре­ша, виш­на, ду­ња, кру­шка вил­ја­мо­вка и од ка­пи­ни.

– На­ша­та ра­ки­ја е со­се­ма при­род­на, без ве­штач­ки си­ру­пи и бои или, пак, да­бо­ви чип­со­ви на­то­пе­ни во раз­ни аро­ми. Иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но гроз­је , раз­ни ви­до­ви при­род­ни тре­вки и бу­ри­ња. На­ша­та цел­на гру­па е фо­ку­си­ра­на на ви­стин­ски­те ен­ту­зи­ја­сти со ра­фи­ни­ран вкус за ви­со­ко­ква­ли­тет­но про­из­водс­тво. Ние по­себ­но се гри­жи­ме да ги за­др­жи­ме ду­хот и сорт­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на гроз­је­то што го упо­тре­бу­ва­ме и тие да до­ми­ни­ра­ат во крај­ни­от ре­зул­тат. Це­ли­от не­гов ми­рис и вкус. Во на­ши­те ра­кии мо­же­те да го по­чув­ству­ва­те му­ска­тот, вра­не­цот, мер­ло­то и си­те дру­ги сор­ти. За­тоа и за­штит­на­та мар­ка ја на­ре­ков­ме „ал­хе­мист“, ние ја изв­ле­ку­ва­ме глав­на­та есен­ци­ја од тие сор­ти, нив­на­та ви­стин­ска ду­ша. Со нив­но ме­ша­ње до­би­ва­ме ма­гич­ни на­пи­то­ци – об­јас­ну­ва Ерик.

Ма­ке­дон­ски­от зет е по­себ­но горд на ви­но­то пор­то и е еден од ре­тки­те во Ма­ке­до­ни­ја што го про­из­ве­ду­ва за сво­ја ду­ша и за го­сти­те во нив­ни­от дом во Скоп­је, се раз­би­ра.

erik03

– Не­ко­гаш на­ве­чер, пред спи­е­ње са­ка­те да се от­пу­шти­те, а не ви се пие ра­ки­ја. За­тоа е нај­до­бро ви­но­то пор­то. Мно­гу одам­на бев во Пор­ту­га­ли­ја и та­му го „открив“ ова ви­но, мно­гу ми се до­пад­на и за­тоа ре­шив да го пра­вам ов­де. Ние го под­го­тву­ва­ме од чи­сти сор­ти, без ме­ша­ње на раз­лич­ни гроз­ја. На ви­но вра­нец се до­да­ва чи­ста сор­та ра­ки­ја вра­нец и со тоа се спре­чу­ва на­та­мош­на­та фер­мен­та­ци­ја на гроз­је­то – об­јас­ну­ва Ерик.

„Ал­хе­мист“ освен на со­ста­вот на ра­ки­и­те мис­ле­ле и на ко­неч­ни­от, кра­ен про­из­вод, та­ка што нив­ни­те ра­кии се „спа­ку­ва­ни“ во еле­гант­ни мо­дер­ни ши­ши­ња, со ети­ке­та на ко­ја пи­шу­ва од кој ре­ги­он е гроз­је­то, ка­кво гроз­је е ко­ри­сте­но, име­то на ра­ки­ја­та, со­ста­вот, про­цен­ти ал­ко­хол.

– Ние има­ме ко­не­чен ди­зај­нер­ски про­из­вод ка­де што се за­бе­ле­жу­ва жен­ски­от сен­зи­би­ли­тет, а за не­го е за­дол­же­на мо­ја­та со­пру­га Ида. Вни­ма­ва­ме се­ко­ја ра­ки­ја да би­де спа­ку­ва­на во ши­ше што ѝ од­го­ва­ра на ра­ки­ја­та спо­ред си­ла­та и вку­сот – ве­ли Ерик.

Со­ве­ти од Ерик Ман­тон за до­бра ра­ки­ја

Важ­но е ми­ри­сот и вку­сот да се сов­па­ѓа­ат. Ако не е та­ка, то­гаш не­кој ма­ми!

Вку­сот на ра­ки­ја­та тре­ба да оста­не во уста­та два­е­се­ти­на се­кун­ди. Ако вку­сот се за­др­жу­ва, то­гаш тоа е ви­со­ко ква­ли­тет­на ра­ки­ја, ко­ја не­ма до­пол­ни­тел­на аро­ма, ве­штач­ки бои, зас­ла­ду­ва­чи!

Нај­важ­но: да не­маш гла­во­бол­ка след­ни­от ден иа­ко си ис­пил по­ве­ќе, под ус­лов да не си из­ме­шал ра­ки­ја со не­кој друг ал­ко­хол!

 

Пре­тсе­да­те­лот Ива­нов го­лем љу­би­тел на ра­ки­и­те на „Ал­хе­мист“

Ме­ѓу обо­жа­ва­те­ли­те на ра­ки­и­те на „Ал­хе­мист“ е и ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел Ѓор­ге Ива­нов, кој имал мож­ност да про­ба не­кои од про­из­во­ди­те на Ерик во са­ми­те по­че­то­ци на ова хо­би. Ерик и Ида ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни пра­ват пре­зен­та­ции и де­гу­ста­ции по стран­ски­те ам­ба­са­ди и прет­став­ниш­тва во Ма­ке­до­ни­ја и во ре­ги­о­нов. На пре­зен­та­ци­и­те има пре­да­ва­ња за тоа ка­ко се пра­ви ра­ки­ја­та, кои ал­хе­ми­чар­ски ре­цеп­ти се сле­дат за не­кои од вол­шеб­ни­те на­пи­то­ци, од кои ре­ги­о­ни се на­ба­ву­ва гроз­је­то, се де­гу­сти­ра­ат не­кол­ку ви­да ра­кии или ви­на пор­то, се ме­зи во до­бро друш­тво, се збо­ру­ва за љу­бо­вта и за ма­ги­ја­та, се жи­вее се­кој миг со си­те свои бои и ми­ри­си…

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра Маз­не­ва Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top