Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) денеска го објави својот петти извештај за Грција. Во него се анализирани новите случувања и отворени прашања, содржани се серија препораки до надлежните органи кај нашиот јужен сосед. Но, во овој извештај, за разлика од претходните четири, ЕКРИ не се осврнува на положбата на македонското малцинство, јавува дописникот на МИА од Париз.
– Соочени со одреден напредок, особено усвојувањето на новиот закон против расизмот, остануваат и натаму проблемите што се причина за загриженост, како што е загрижувачкото ниво на ксенофобија и насилство врз бегалци, барателите на азил и имигрантите или континуираната сегрегацијата на ромските деца во некои училишта, и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права, со што се потврди потребата да се стави крај на оваа пракса – истакна претседателот на ЕКРИ, Кристијан Ахлунд.
Извештајот го поздравува создавањето, на крајот од 2012 година, на нови специјализирани единици на полицијата во борбата против расистичкото насилство, потоа назначувањето на јавните обвинители за гонење на расистичкото насилство во октомври 2013 година и усвојување во 2014 година на новиот закон против расизмот и измената на кривичниот закон.
Сепак, говорот на омраза против имигранти, бегалци и баратели на азил, кои често стануваат цел на расистичко насилство е раширено во јавниот и во политичкиот дискурс во Грција. Во извештајот, исто така, се смета дека активностите на Златна зора, партија што е ксенофобска и расистичка, создава клима на расна омраза и страв за што ништо не е направено на подолг период.
Во својот извештај, ЕКРИ дава препораки до надлежните органи, вклучувајќи го и следново, што мора да се спроведе брзо од Атина и тоа ќе биде разгледано во рок од две години.
Грција треба да формира работна група составена од надлежните органи, вклучувајќи го и Народниот правобранител и Националната комисија за човекови права и невладини организации, кои ќе бидат одговорни за развивање на сеопфатна национална стратегија за борба против расизмот и нетрпеливоста, но и да го разгледа прашањето за расна мотивираност и / или хомофобично / трансфобично
За разлика од претходните четири извештаи на ЕКРИ за Грција, во најновиот, никаде не се споменува македонското малцинство, кое грчката држава не го има официјално признато. Грција го признава само муслиманското малцинство во Тракија, според обврските на договорот од Лозана.
Ова изоставување на македонското малцинство, според објаснувањата во Стразбур, се должи на новата методологија во работата на Комисијата, која предвидува да се посвети на неколку теми.
Во случајов, ЕКРИ се занимава со правото на муслиманското малцинство во Тракија, ситуацијата со Ромите и имигрантите и барателите на азил. Иако притоа се вели дека другите проблеми не се заборавени.
Во досегашните четири извештаи на ЕКРИ беше констатирано кршењето на правото на македонското малцинство, затоа изненадува неговото изоставување. Со оглед на тоа дека следниот извештај ќе биде по неколку години, а за Грција нема набљудување во рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, која Атина не ја има ратификувано.
Неприфаќањето на македонското малцинство во најновиот извештај на ЕКРИ, довело до жестока реакција на македонскиот амабасадор при Советот на Европа, Петар Поп Арсов на состанокот Комитетот на министрите кога се расправало за овај извештај.
Притоа македонскиот амбасадор изразил критики на избраната методологија за изработка на извештајот, која дозволила испуштање на македонското малцинство во Грција.
Македонскиот претставник во Комитетот на министрите побарал да се отвори дебата во Комитетот на министрите за начинот на кој се утврдуваат методологиите за мониторинг. Тој притоа истакнал дека ЕКРИ мора во своите извештаи да се занимава со ситуацијата на македонското малцинство, со оглед на тоа дека Грција не ја има ратификувано рамковната конвенција. Тој притоа добил поддршка од другите амбасадори бидејќи „ваквата методологија е неприфатлива“.
Инаку, самиот извештај е многу критичен за Грција. Извештајот со коментари од страна на грчките власти беше изработен како резултат на спроведени анализи од страна на ЕКРИ од контакти и посети на Грција во март 2014 година и го зема предвид развојот на настаните до 18 јуни 2014 година.
ЕКРИ е група на независни стручњаци од сите земји-членки на Советот на Европа, која работи во духот на почитувањето на човековите права, а не според нивното државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Заев: Прашањето за македонското малцинство ќе биде уредено согласно европската пракса
-
НБРМ:Стапката на реален раст на економијата минатата година изнесува 2,4 отсто
-
Бадентер да се спроведе и во општините каде што Македонците или друго население се малцинство!