Начинот на промена на членот 49 од Уставот е унифицирање со европската пракса за тоа како се води грижа за дијаспората, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конеференцијата на која го најави договореното за спорот за името со Грција.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали договорот содржи одредба со која се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората, како што јавија грчките медиуми, Заев посочи дека станува збор за усогласување со европската пракса.
– На тој начин ќе го прецизираме делот за грижата за нашата дијаспора, каде и да се наоѓаат во светот, а при тоа да не иритираме кој било од соседите, додаде премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент