Граѓанското движење за одбрана на Македонија на трибина во Куманово, по трибините во Штип, Велес, Битола. Професорката Виолета Ачковска, една од основачите за ГДОМ, за вестите на Канал 5 истакна дека сите проблеми внатрешни во државата треба да се решаваат во рамки на институциите.
-Опозицијата треба да се врати во парламентот и во негови рамки да води дијалог и да се решаваат сите внатрешни македонски проблеми. Погубно е некој од надвор да повикуваме и да ги решава нашите проблеми, бидејќи со тоа покажуваме дека ние како народ немаме државотворност. Бараме конечно македонскиот народ да постигне единство и консензус за главните национални приоритети, тоа е името и идентитетот кои не смеат да се продаваат така лесно, вели Ачковска.
Ачковска вели дека граѓаните масовно пристапуваат кон движењето бидејќи, како што посочи сите ја сфатиле пораката дека е потребно единство.
-Ние сега треба да ја сочуваме Македонија од сите надворешни посегања кои прават обид да ја дестабилизираат нашата држава. Тоа е нашата основна порака, додава професроката.
Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


