| четврток, 6 декември 2018 |

50 загинати во серија бомбашки напади во Ирак

Во серија бомбашки напади во главниот град на Ирак се убиени 50 луѓе, а десетици се ранети. Според информациите на ирачките власти, најмалку седум автомобил- бомби експлодирале, а регистрирани се и две престрелки.

Засега никој не презел одговорност за нападот. Едни претпоставуваат дека тоа е дело на Ал Каеда, а други, пак, дека станува збор за напади на сунитските екстремисти кои најчесто напаѓаат шиитски цивили и припадници на ирачката влада.

Оваа година се одбележуваат десет години од американската инвазија на Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top