| четврток, 6 декември 2018 |

Дали поранешен потпретседател на политичка партија е новиот директор на СОРОС во Македонија?

zaev so milcinВладимир Милчин се повлекува од Сорос. По 23 години се повлекува од местото извршен директор во фондацијата „Отворено општество – Македонија“, пренесе Утрински весник. Тој е на чело на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос уште од основањето во 1992 година.

Од фондацијата не ги откриваат имињата на кандидатите за нов претседател, а Утрински наведува дека во трка се познати новинари, професори, уметници, лица од јавниот живот. Од новиот лидер се очекува „да поседува повисок степен на образование, да има искуство во раководењето и да покаже посветеност на основните вредности на концептот за отворено општество“, цитира весникот.

Република во последниот број наведе дека меѓу посериозните кандидати кои се во игра за наследник на Милчин како распределувач на парите од оваа фондација во Македонија е доскорешен висок функционер на политичка партија.

Сепак, од фондацијата велат дека конечниот избор ќе биде во рацете на сопственикот Џорџ Сорос, кој ќе треба да ја „аминува“ препораката од Скопје. Милчин ќе управува со Сорос до 30-ти јуни. Причините за заминувањето не се наведуват, освен дека сега „приоритет му е да ги заврши предвидените задачи“.

Во приоритетните задачи на Владимир Милчин меѓу другото беше и останува да ги финансира медиумите кои отворено ќе застапуваат ставови кои се во спротивност на државните интереси, во кои задскриени зад европската агенда, се крие прифаќањето на грчките ултиматуми за промена на името и обезличувањето на нацијата.

Така, Милчин ги финансира медиумските проекти подготвени од седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“, во кои доминираи се „турка“ оваа агенда. Такви се на пример проектите на Бранко Героски и Ацо Кабранов, а неодамна Милчин наведе дека „под контрола“ со парите држи десетина медиуми.

За тоа како Милчин ги контролира медиумите и дека има улога и на супервизор на содржините, сведочат и најблиските соработници на СДСМ посочуваат дека тој „директно ги одредува колумнистите на медиумите кои ги финансира“.

Сега се отвора прашањето дали и со новиот директор, соросовата фондација ќе продолжи да ги финансира политиките кои се против државните интререси на Република Македонија?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top