Генадиј Головкин е непобедлив во рингот и доминира во средна категорија на светската сцена, што го докажа со фантастичната 32. победа во исто толку мечеви. Пред налетите на популарниот терминатор од Казахстан падна жилавиот Британец Мартин Мареј, кој важи за топ-5 боксер во средна категорија.
Головкин беше апсолутно подобар и со нокаут во 11. рунда го победи противникот за одбрана на титулата во ВБА и во ИБО верзијата. Мареј изгледаше многу лошо, за што сведочат и барањата на Твитер и на останатите социјални мрежи судијата и порано да ја прекине нерамноправната битка. Сепак Британецот покажа дека е неверојатно храбар и ги истрпе сите удари до претпоследната рунда. За Головкин ова е 29. нокаут од 32 меча и дури 19. по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)