Првиот човек на германската Организација за еднаква блогосостојба, Улрих Шнајдер, предупредува дека се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните германски држави и дека сиромаштијата во Германија никогаш не била толку висока во последните 25 години.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Шнајдер, за една година сиромаштијата во Германија пораснала на 5,5 отсто, при што таа се дефинира како број на граѓани чиишто домаќинства заработуваат 60 проценти помалку од просечните германски примања.
Според извештајот објавен од Организацијата за еднаква благосостојба, најпогодени германски покраини се Бремен, Берлин и Мекленбург – Западна Померанија. Меѓу најбогатите покраини се Баден-Виртенбург и Баварија, кои имаат и највисок бруто-призвод. Единствените покраини каде што има намалување на сиромаштијата се источните држави Саксонија-Анхалт и Бранденбург.
Минатиот месец германската Влада најави 26 програми вредни седум милијарди евра за отворање работни места за најранливите категории финансирани од Европскиот социјален фонд и пари од федералниот буџет. Овие програми меѓу другото ќе треба да промовираат социјална интеграција и да се борат против сиромаштијата.
Најзагрозени социјални групи со ризик за сиромаштија се невработените, самохраните мајки и луѓе без завршено средно образование. Сиромаштијата се зголемува и кај пензионерите.
Од јануари оваа година мининалната плата во Германија изнесува 8,5 евра на час или околу 1,400 евра месечно, додека просечната плата е околу 2.000 евра. Според последниот извештај, дури 12,5 милиони Германци се сметаат за сиромашни согласно националните стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…