| четврток, 6 декември 2018 |

Во американските воздушни напади убиени 1.600 џихадисти

Turkish soldiers are seen on top of an armoured vehicle, with the Syrian town of Kobani in the background, near the Mursitpinar border crossing

Во американските воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Сирија, кои траат пет месеци, досега се убиени повеќе од 1.600 луѓе, соопшти денеска Сириската организација за човекови права.

Во соопштението се наведува дека речиси сите загинати биле џихадисти од ИД и од сириската филијала на Ал Каеда, Ал Нусра Фронт. Најголем број од загинатите се Сиријци, а меѓу нив 62 биле цивили.

Во нападите убиени се 73 борци на Ал Нусра Фронтот, како и еден припадник на сириска бунтовничка група, кој бил заробеник на ИД.

Воздушните напади врз позициите на џихадистите во Сирија почнаа на 23 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top