| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени 130 милиони денари субвенции на градинарите

домати

Државата денеска исплати 130.000.000 денари субвенции за градинарски култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се исплатени на сметките на 8.595 земјоделци.

Владата на земјоделците им исплаќа од 25.000 до 30.000 денари по хектар засадена површина со градинарски култури.

– Владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина да го поддржува градинарството со субвенции, како и сите останати гранки во земјоделството – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top