Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори покажува анкетата што ја спроведоа Меѓународниот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Вкупно 48,5 проценти од граѓаните опфатени во завршната анкета „Граѓаните за изборите“ се изјасниле за ВМРО ДПМНЕ.

За 15,5 проценти од испитаниците победник на изборите ќе биде СДСМ, а за 8,5 проценти ДУИ. Кандидатите на ДПА би победиле според 4,3 проценти, а на НДП 1,9 проценти. На прашањето „Кој сметате дека би победил на претстојните избори“, 17,7 проценти од анкетираните граѓани дале одговор „не знам“, а 3,3 проценти не сакале да одговорат.
Според 72,8 проценти, локалните избори ќе бидат фер и демократски, а со таков став не се 20 проценти.
Третина од граѓаните, односно 32,8 проценти, се изјасниле дека изборните кампањи воопшто не влијаат врз нивниот избор, а имаат влијание кај 17,8 проценти од анкетираните.
Граѓаните се поделени со тоа дали постојат фер услови за сите политички партии да ја спроведуваат својата кампања. За 32,1 проценти целосно постојат услови, за 31,7 процент делумно, а за 27,3 воопшто не постојат.
Одлучувачка улога кај граѓаните за кого ќе гласаат имаат досегашните резултати на кандидатите, потоа нивната партија, па семејството. Мало влијание има изборната кампања, а најмалку пријателите и објавените анкетни резултати.
Анкетата беше спроведена вчера на репрезентативен примерок од 825 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


