| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ има осмислена програма, не работиме од денес за утре

Работењето од денес за утре заврши со заминувањето на СДСМ, оцени синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Берово.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ настапува со осмислена програма што ја исполнува затоа што ѝ е важно по четири години пред граѓаните да застане со гордо крената глава.

– Во иднина крупни компании што ќе сакаат да отвораат нови работни места, да градат свои погони и фабрики  ќе имаат овде и услови за да можат да одберат каде да ја градат својата фабрика. Јас цврсто верувам дека откако ќе се заврши градењето, за година  и половина до две  години, ќе почнат да доаѓаат инвеститори кои ќе отвораат нови погони и ќе вработуваат невработени лица тука од овој крај – рече Груевски.

Според него, веќе се почнати подготовките и до крајот на годинава ќе се постави камен-темелник за изградба на зоната.

– Иста таква, зони ќе почнат да се градат до крајот на годината и во Кочани, Виница и во уште неколку места низ Македонија. Вкупно 14 – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top