| четврток, 6 декември 2018 |

Куновска: Нова инфраструктура во Тафталиџе

jagnula-kunovska01Кандидатката за градоначалник  на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“, Јагнула Куновска, ветува дека во населбата Тафталиџе 1 ќе ја подобри инфраструктурата преку низа проекти. На мини-митинг во Тафталиџе најави изградба на детски игралишта, реконструкција на спортските игралишта и проекти што ќе се реализираат во соработка со Министерството за образование и наука.

Во тој дел на општината, според Куновска, е потребна изградба на нова канализација бидејќи постојната е стара повеќе од 60 години.

– Овој проект ќе го реализираме заедно со Град Скопје – рече Куновска.

На митингот во  Тафталиџе  присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставрески, актуелниот градоначалникот на Скопје и кандидат за уште еден мандат, Коце Трајановски, и носителите на советничките листи на Град Скопје и на Карпош, Владо Поповски и Сашо Лазаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top