Населбите Тафталиџе 1 и 2 ќе бидат први во Скопје што ќе бидат гасифицирани и ќе ги почустуваат благодатите од природниот гас, рече на мини- митингот кандидатот за градоначалник на Карпош од Српската напредна партија, Стевчо Јакимовски.
Барајќи ја поддршката од жителите на Тафталиџе, тој истакна дека во неговата програма e предвиденa изградба на шеталиште и детско игралиште, базени и пет спортски сали. Јакимовски нагласи дека планира да направи и посебен фонд за реконструкција на азбесните покриви и лифтoвите во зградите во Карпош.
– Зонско паркирање во Карпош ќе нема. Нови паркинзи ќе има. Нема да дозволиме да се плаќа паркирањето во нашата општина – истакна Јакимовски.
Тој посочи дека негов проект е бесплатни градинки и дека од 2014 година никој нема да плаќа за градинка за своите деца, ниту за ужинка и за екскурзии.
– Школувањето во Карпош ќе биде целосно бесплатно затоа што сите средства што ги вложуваме во енергетската ефикасност ќе ни овозможат да ги плаќаме овие трошоци – додаде Јакимовски.
Во изминатите четири години од неговото владеење нагласи дека само за урбанизација вложил 65 милиони денари, за разлика од мандатот на неговиот поранешен сопартиец Андреј Петров, кој, како што рече, од општинската каса издвоил едвај четири милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


