Градоначалникот на Битола и кандидат за втор мандат, Владимир Талески, заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го промовира проектот „Изградба на над 100 улици во општина Битола“.
– Најавам уште еден проект за 100 нови улици во општина Битола, и во урбаниот и во руралниот дел. Инфраструктурата е главен приоритет за граѓаните. Минатите години се зафативме да ги направиме главните, транзитните улици во општина Битола, кои беа во катастрофална ситуација, најголемиот дел од нив веќе ги реализиравме, остануаат уште 15-20 проценти, а потоа одиме на секундарната и на терцијарната градска мрежа. Тоа значи дека ќе бидат минимум 100 улици, со што ќе помогнеме во урбаниот дел и во дел од селата кои се во нашата општина. Рамноправно ќе ги распоредиме финансиските средства и со помош на Министерството и Владата ќе ги реализираме пакетите за реконструкција на улици, како што се од Европска и Светска банка – комбинирани техники кои ги подобруваат условите за живеење – изјави кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.