| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА во Куманово: Ќе го стопираме барањето азил

taci menduhДПА на митинг во Куманово го претстави кандидатот за градоначалник, Халил Куртиши, и ги повика кумановци да ја поддржат листата на советници. Лидерот Мендух Тачи вети дека со проектите ќе го стопирале трендот на барање азил од Албанците од Кумановско.

– По улиците на Липково и деловите во Куманово каде што живеат Албанците се гази кал, нема осветлување, вода и нема канализација, а за тоа е одговорна ДУИ. ДПА ќе го врати достоинството на Албанците – рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник за општина Куманово вети подобар стандард. Обвини дека со поддршка ДУИ во Куманово не се инвестирало доволно во деловите  каде што живее албанското население.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top