| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески: Сообраќајници кои ќе му доликуваат на Охрид

бакрачески охридКандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески, ги претстави проектите посветени на сообраќајната инфраструктура во која сега не доликува на туристички центар каков што е Охрид. Веднаш по превземањето на функцијата градоначалник ќе ја мотивира локалната администрација итно да обезбедат услови за ребаланс на буџетот за 2013 година и да се подготви документација за работа на неколку инфраструктурни проекти и тоа: реконструкција и надградба на улиците „Питу Гули“ со краците на истата улица, улицата „Абас Емин“, улицата „Мирче Ацев“, улицата „7 ноември“, улиците и краците „Радојца Новичиќ“ и улицата „Живко Чинго“.

– Секако дека активно ќе интервенираме и на другите улици па затоа ќе изградиме и пешачка патека и патеки за велосипедисти на улицата Асном, познатата и опасна „110-ка“ за што во програмата предвидуваме три милони денари од Буџетот на Општината, ќе изградиме и тротоари на улицата „Ристо Чадо“ за безбедно движење за што се предвидени 6.1 милион денари во Програмата. Исто така ќе инвестираме 12.5 милиони денари за изградба на пешачка патека Охрид-Рача –Св.Стефан, рече Бакрачески.

Тој ја обвини досегашната локална самоурава дека долги 8 години ги заборавиле реалните инфраструктурни потреби и проблеми на охриѓани, трошејќи го времето за креирање детални урбанистички планови и креирање начини за експериментирање со паркинг-просторите низ градот.

-Немањето интервенции во последните четири додини доведе Охрид да остане без најважниот елемент – убаво уредени, асфалтирани улици и безбедни улици и тротоари, забележа Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top