| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од заглавените патници на „Виз ер“ се враќаат со автобус

wizz-airДел од македонските граѓани кои утрово останаа заглавени на аеродромот во Милано, поради силниот снег, се враќаат со автобус.  „Република“ објави дека е откажан летот на „Виз ер“ и дека се заглавени 170 патници.  Скопската туристичка агенција „Магелан“ тврди дека најголемиот дел од патниците што патувале во нивен аранжан решиле да се вратат со автобус. Останатите ќе чекаат до среда кога има нов лет на „ Виз ер“.

– Нивните трошоци за превозот до хотел и за сместување ќе ги покрие авикомпанијата – велат од „Магелан“ и додаваат дека патниците што патувале индивидуално, не  биле нивна одговорност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top