| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Панатенаикос со ракети ги нападнаа ривалите од Олимпијакос (видео)

navivaci

Вечното дерби во Атина меѓу Панатенаикос и Олимпијакос не може да помине без никакви инциденти на теренот, но и надвор од него.
Вчера во престолнината кај нашиот јужен сосед повторно се судрија навивачите на двете групи надвор од стадионот, но и на теренот не беше помалку тензично.

panatenaikos 2

Приврзаниците на Панатенаикос го одложија стартот напаѓајќи ги со факли и со ракети управата и фудбалерите на Олимпијакос кои веќе беа на теренот.

panatenaikos 1

panatenaikos

Само брзата реакција на полицијата во последен момент спречи вистински линч. „Зелените“, попознати како „Гејт 13“, беа испровоцирани од малобројните навивачи на Олимпијакос кои успеаја да се симнат на теренот и да дојдат пред противничката трибина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top