Облечена како извидник Мадона, на 24-тите награди – Геј и Лезбејска Алијанса против клевета, ги нападна критериумите на организацијата за извидници, воедно говорејќи 10 минути за правата на хомосексуалците. Овој настан е прв од три настани годинава кои се одржуваат за да одадат почит на најдобрите презентации на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и транссексуалците во медиумите.
Вели сакала да биде извидник, но не и дозволиле да се приклучи.
-Тоа е зае**но. Па јас знам да запалам оган. Дури и да поставам шатор… Ссакам да правам добро за заедницата… Сметам дека треба да ми е дозволено да бидам извидник. И мислам дека треба да си ги променат глупавите правила. Повеќето луѓе не се удобни со работи или луѓе кои тие ги перцепираат како различни од себе, и јас би се кладела дека ако одвоиме време да се запознаеме едни со други, направиме свои истраги, погледнеме под површината на работите, ќе видиме дека сепак не сме толку различни – додава пејачката.
Мадона потсети и на вознемирувачките силеџии во САД, кои во последните години се поврзуват со голем број тинејџерски самоубиства.
-(Силеџиската епидемија) не е различна од белец кој беси црнец на дрво пред движењето за човекови права. Тоа не е поразлично од член на Талибан да страл млада девојка во главата поради записи на блог за важноста на образование на жената. Не е полудо од ирански геј маж да биде обесен поради љубов кон друг маж. Не знам за вас, ама јас не можам да го поднесам ова ср*ње повеќе. Поради ова сакам да започнам револуција. Дали сте со мене? 2013-та е, луѓе. Живееме во Америка – земјата на слободните, домот на храбрите – тоа е прашање, не е заклучок – додава Мадона.
Потоа пејачката го претстави Андерсон Купер, презентер на Си-Ен-Ен, кој е награден за најдобра презентација на ЛГБТ заедницата. Водителот и возврати со бакнеж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


