Пролетната кампања за очила на модната куќа „Вог“, со Ева Мендез во главната улога, е снимена во Лос Анџелес, пред објективот на Мирио Тестино. Новата колекција очила се исполнети со елегантни и софистицирани оквири низ кои симпатично се провлекува една нишка на ретростил, кој, секако, и одговара на убавата Еве Мендез.

– Навистина сакам очила. Без разлика дали се работи за диоптриски очила или за сонце. Сакам да ги комбинирам и да си играм со нив, а тоа најмногу зависи од моето расположение и од облеката што ја носам. Мој фаворит се оние што имаат благ ретродизајн, посебно оние што имаат врска со 50-тите, 60-тите и 70-тите години. Неодамна ми препишаа очила со диоптер и искрено, воодушевна сум – изјави Ева.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


