| четврток, 6 декември 2018 |

Увозник на течен нафтен гас затаил данок

nafta rezervoar

При извршената контрола е утврдено дека во текот на 2011 година со 46 царински декларации за увозно царинење, увезениот течен нафтен гас во согласност со приложените сертификати за состав не одговара со тарифната ознака декларирана при увозното царинење.

– Врз основа на погрешно декларираната тарифна ознака од страна на трговското друштво, при спроведување на постапката за увозно царинење од страна на царинскиот орган, пресметани се царински и други давачки во помал износ – информира Царината.

Извршено е дополнително евидентирање на царинскиот долг и со решенија донесени во управна постапка е задолжено трговското друштво со вкупен износ од околу 4,4 милиони денари, од кои околу 3,2 милиони денари на име Царина, 0,5 милиони денари на име ДДВ и 0,7 милиони денари на име камата и компензаторна давачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top