СВР Струмица поднесе кривична пријава за ДПТУ „М.К.“ ДООЕЛ увоз-извоз Ново Село и М.Ј.(42) од Ново Село, одговорно лице и управител на правното лице, за сторени кривични дела даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.
Во периодот од 2011 до 2013 година, М.Ј. при деловното работење со пет правни субјекти не пресметала и не уплатила данок на додадена вредност во вкупен износ од 1.673.945 денари.
Покрај ова, во периодот од 2011 до 2012 година, М.Ј. не пресметала и не уплатила данок на добивка во вкупен износ од 531.931 денар.
Со таквите дејства го оштетила Буџетот на Р. Македонија во вкупен износ од 2.205.876 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.