| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани преку затаиле повеќе од 36.000 евра данок

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против А.П.(35), А.П.(73), двајцата од Гевгелија и против ТД „М.М.М. и други“ ДОО увоз-извоз-Гевгелија, за сторено кривично дело даночно затајување.

Прво и второ пријавените во својство на управители на трговското друштво, како одговорни лица за правилноста и законитоста на работењето на даночниот обврзник неправилно пресметале и затаиле даночни обврски во износ од 2.259.941 денар (околу 36.700 евра), за кој износ го оштетиле Буџетот на Р Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top