| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно девојче изврши самоубиствен напад во Нигерија

напад

Седумгодишно девојче се разнесе и уби уште седум други лица во напад извршен на североисток во Нигерија.

Тоа е најнов самоубиствен напад во кој се користени деца. Нападот бил извршен синоќа на пазар во градот Потискум, кој се смета за трговска престолнина на државата Јобе. Ранети се најмалку 19 луѓе.

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан призна дека неговата влада во почетокот ги потценила исламистите од Боко харам, обвинети за овој и за претходни напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top