„Изјавата на вицепремиерот и шефот на дипломатијата на Косово, Хашим Тачи, дека Косово ќе ја тужи Србија за воена оштета и геноцид е опасна идеја која покажува на намерата на представникот на привремените институции во Приштина да избегнат продолжување на бриселските разговори, изјави денеска министерот за труд на Србија, Александар Вулин.
Според него, не може истовремено да се покрене тужба за геноцид против Србија и да се продолжат разговорите во Брисел. Тие работи се исклучуваат една од друга. Тужбата за геноцид и преговорите се исклучуваат едно со друго, вели тој. Вулин истакна и дека владата во Приштина одлучила да не учествува во бриселскиот дијалг додека Србија е посветена на тој дијалог но не е спремна да биде малтретирана, понижувана и мирно да прати што ќе направат институциите во Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации