Најмалку пет луѓе загинаа, а десетина се повредени во градот Потискум, североисточна Нигерија, кога на еден контролен пункт жена-самоубиец активирала експлозив.
Дел од западните медиуми јавија дека нападот го изведе седумгодишно девојче.
Според очевидци девојчето одбило да биде претресено пред влезот во локален пазар, по што одекнала експлозија.
Девојчето ја активирала бомбата, убивајќи се себе си и уште пет лица.
За нападот се уште ниту една терористичка група не презеде одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.