| четврток, 6 декември 2018 |

Алонсо во болница по судир на патеката

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо доживеа незгода за време на тестирањето во Барселона и моментално се наоѓа во болница, јавија шпанските медиуми

На четвртиот ден од тест возењата во Каталонија, пилотот на Мекларен излетал од патеката и удрил во заштитната ограда. По неколкуминутна помош на самото место дошол хеликоптер и Алонсо бил префрлен во болница.
 
Од Мекларен соопштија дека сѐ е во ред со Алонсо, дека е свесен и дека разговарал со лекарите.
 
Засега не се соопштува причината за излетувањето на Шпанецот, дали е тоа по негова грешка или се работи за дефект на болидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top