Поради дефект на топлификациската мрежа од 15 часот попладнево без парно греење се дел од корисниците во населба Тафталиџе, во близина на Катастарот.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето од Балкан Енерџи Груп – Скопје информира дека поради дефект на топлификациската мрежа, од 15:00 часот денеска без парно греење па се до отстранување на дефектот ќе останат корисници во дел од населбата Тафталиџе.
Во соопштението од РЦУК-Скопје посочуваат дека без парно греење се корисниците од улиците „Њуделхиска“ бр. 2, 4 и 6, „Дрезденска“ бр. 15 и бр. 19, „Наум Евро“ и „Римска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.