| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо е во право, четири судиски одлуки кои му ја земаа победата на тимот од Стенфорд Бриџ (видео)

murinjo

Менаџерот на Челси Жозе Мурињо остана мирен кон раководните лица на фудбалската федерација на Англија и кон судијата кој вчера го судеше натпреварот против Барнли во кој Челси пропушти шанса да дојде до трите бода одигрувајќи само 1-1 на домашен терен.
Португалецот индиректно смеејќи се на одлуките на судијата порача кои четири одлуки го смениле текот на натпреварот.
За црвениот картон на Матиќ предизивикан од стартот на Барнс не треба да се трошат зборови. Барнс беше актер на уште еден непромислен старт над Ивановиќ, но и тогаш не беше казнет.
Третиот момент за кој Мурињо зборува се случи во 33-та минута кога Кајтли играше со рака во казнениот простор на неговиот тим, но судијата процени дека немало елементи за најстрога казна.
И на крајот, четвртиот момент кој Мурињо го издвои. Станува збор за еден дуел во кој беше вклучен Диего Коста и кога Мурињо бараше пенал, но повторно не се слушна свирчето на судијата Мартин Еткинсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top