| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими ги повикува навивачите да создадат победничка атмосфера

Агим Ибраими, македонскиот фудбалски репрезентативец, упати апел до навивачите да создадат победничка атмосфера за претстојниот натпревар со Белгија, в петок на aрена „Филип Втори“. Ова е натпревар од квалификациите за претстојното Светско првенство. Во националниот тим сите се сплотени како еден и тој тоа го побара и од навивачите.

агим ибраими

– Кога се игра за репрезентација, не се гледа вера или националност. Играме за Македонија и треба да негуваме победнички дух. И во клубовите има играчи од различни националности и сите сме како една фамилија, а така треба да биде и во националниот состав. На оние што навредуваат на која било основа не им е местото на стадионите и таквите хулигани треба да бидат отфрлени – изјави Ибраими на денешниот собир на репрезентацијата на Македонија пред почетокот на подготовките за дуелот в петок против Белгија.

Тој улогата на фаворит им ја препушти на гостите.

– Белгија е фаворит, но ние треба да се потрудиме максимално за овој дуел. Белгиските репрезентативци играат во многу силни клубови, но и ние имаме квалитет. И тие се луѓе исто како и ние и секаков резултат е можен. Не треба да нѐ зафаќа некоја еуфорија поради последните три-четири победи. Ако ги искористиме шансите кои сигурно ќе ги имаме, нема да останеме без позитивен резултат во Скопје – додаде Ибраими, потенцирајќи дека е среќен што игра покрај Пандев за кого рече дека е лидер на репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top