| четврток, 6 декември 2018 |

За Бишевац и Николовска, СДСМ доби попуст во А1?

lence nikolovska safet bisevac

Покрај продажбата на името, на видеоснимките кои вчера беа објавени на „Јутјуб“, Љубе Бошкоски тргува и со пратенички места и со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата. После ваквото признание на Бошкоски се отвора нов скандал.

На снимките јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица.

Транскрипт 3 дел

Љубе:  Сега во шест ипол треба да бидам во, не во седум ипол треба да бидам во Штип во студио

Посредникот:   Ааа во Штип

Љубе: Директно одам на митинг

Посредникот:   Што друго сакав да ти кажам, овие катастрофа се. Овие се катастрофа. И ќе изгубат скрос,  а?

Љубе: Скрос. Не бе и од мене, малку и од СДС, ама повеќе и од мене. Повеќе од мене брат ќе изгубат. Лом ги правам на терен.

Посредникот:  Така,  така

Љубе:  Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, на Tелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив една новинарка што ја води емисијата Индекс

Посредникот:   Аха

Љубе:  Најверојатно. Таа Велија ми ја препорачува

Посредникот:  Аха, аха

Љубе:  И да биде на второ место во 4 та изборна единица. Со тоа на А1 минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа.

Оттука доаѓа прашањето, дали и СДСМ добил попуст кај Велија Рамковски за рекламирање на А1 телевизија, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставнци од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ успеаа да се изборат за пратенички места, кои според тврдењата на Бошкоски носеле и минимална наплата за рекламирање на А1.  Со ова се отвора нов скандал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top