Вчеравечер македонската јавност беше шокирана од видеата кои се појавија на „Јутјуб“, а на кои јасно се гледа дека Љубе Бошкоски нелегално ја финансирал својата кампања за изборите во 2011 година, на сметка на државното име. На видеото Бошкоски нуди промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.
Посредникот со грчки нагласок на снимките му кажува на Бошкоски дека грчката влада е воодушевена од она што Љубе го прави, а Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена.
После овие снимки, јавноста наспроти тврдењата на Заев, веќе нема дилеми дека Бошкоски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година. Скандалозните снимки кои се појавија во јавноста неминовно го отвораат прашањето кој е мотивот на СДСМ и Зоран Заев да бранат човек што земал пари за продажба на името?
СДСМ отворено го бранеше Љубе Бошкоски, а јасно излезе на виделина дека тој за пари го продава името. Меѓу прашањата кои се наметнуваат е тоа дали СДСМ се согласуваат со ова и дали можеби и тие учествуваат во вакви работи?
На денешниот протест пред Владата, организиран токму од СДСМ, една од главните пораки беше барањето за „Слобода за Љубе“, на кој присуствуваа високи фунционери на најголемата опозициска партија. После овие снимки кои се појавија во јавноста, СДСМ треба да им се извини на своите поддржувачи што ги прати пред Владата да бранат човек кој за пари ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба
-
Мицотакис: Доцна е за формирање национален фронт за прашањето за името