Украинските власти и проруските активисти денеска си разменија заробеници, пренесе ТАСС, повикувајќи се на украински извори.
Веста ја потврди и украинскиот претседател Петро Порошенко, цитиран од американските медиуми.
„Во најскоро време 140 наши херои ќе бидат слободни“, напиша Порошенко на Твитер.
Размената се реализирала во еден од бастионите на бунтовниците,
градот Луганск. Притоа биле разменети 52 проруски борци и 140 борци од
киевските сили. Повеќето од ослободените украински војници, над 100, биле заробени во Дебалцево.
Претходно денеска двете страни во конфликтот взаемно се обвинија за прекршување на прекинот на огнот, што во сила влезе пред една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пејчиновиќ Буриќ: Хрватска е против размена на територии на Балканот
-
Македонија ќе воведе контрамерки доколку Косово не ја повлече одлуката
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка