| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн со шест парчиња го почасти Падерборн (видео)

SC Paderborn vs Bayern Munich

Екипата на Баерн Минхен продолжува со ефикасната игра во Германската Бундес лига. Во 22.коло настрада тимот на Падерборн примајќи дури шест голови од шампионот на Германија.
Баерн во претходното коло успеа да постигне осум гола на натпреварот против Хамбругер, а сега баварците на гостински терен постигна шест.
Левандовски се врати во тимот со два гола во првиот дел во 24 и 37 минута. Во второто полувреме уште четири гола во мрежата на Падерборн. Реализатор на два гола беше Робен, а по еден постигнаа Рибери и Вајсе.


Paderborn vs Bayern Munich All Goals 21 02 2015 by y2m2e2

Шалке и Баер Леверкузен прокоцкаа победи во судиското продолжение против Вердер односно Аугсбург. Шалке водеше се до 92 минута кога Продл реализираше за продолжување на низата на Вередер од шест натпревари без пораз, додека голманот на Аугсбург Хиц во 94 минута им донесе бод на своите соиграчи.

Резултати:

Аугсбург – Леверкузен 2-2, Фрајбург – Хофехнајм 1-1, Мајнц – Франкфурт 3-1, Падерборн – Баерн Минхен 0-6, Шалке 04 – Вердер 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top