
Германија оваа година ќе го донесе законот за изедначување на платите на мажите и на жените, според министерката за женски прашања Мануела Швесиг, која во петокот се сретна претставниците на синдикатите, а следните неколку седмици планира средби и со работодавачите.
Намерата на министерката Швесиг е да се постигне еднаквост без „наметнувања ограничувања за колективното преговарање или создавање бирократски монструм“.
Според тамошната статистичка агенција, жените во Германија просечно заработуваат 22 центи за час работа помалку од мажите. Во 2013-та година, мажите по час просечно заработувале 19,84 евра бруто, а жените 15,56 евра.
Коалициските партнери во германската влада, демохристијанските конзервативци и социјалдемократите, постигнаа согласност споменатата разлика законски да ја решат, а намерата е да се има поголема транспарентност во структурите на платите и зголемување на надоместокот за час работа во професиите коишто традиционално ги пополнуваат жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


