| четврток, 6 декември 2018 |

Во најскапата бокс престава во историјата, ракавиците ќе ги вкрстат Мејведер и Пакјао на 2.мај (видео)

boks

Најголениот боксерски спектакл во историјата на овој спорт ќе се случи на 2. мај во Лас Вегас.
Конечно по долги години дојде до договор ракавиците во рингот да ги вкрстат најголемите боксери на денешницата Флојд Мејведер и Мани Пакјaо.
37-годишниот Американец во борбата ќе ги вложи своите титули од велтер категоријата во верзиите ВБЦ и ВБА, а 36-годишниот Филипинец ќе ја вложи титулата од ВБО верзијата.
Мејведер во досегашната кариера има максимален скор од 47 борби, додека Пакјао на 57 мечеви бил поразен само пет пати.
Се очекуваа таа борба да има приход од 250 милиони долари, по што ќе биде најбогата во историјата на боксот. Досега овој рекорд го држеше борбата меѓу Мејведер кој го победи Сол Алварез во 2013 година, а тогаш вкупниот приход беше околу 150 милиони долари.Исто така, се верува дека борбата помеѓу Пакјао и Мејведер ќе постави нов рекорд во гледаност во САД. Сегашниот рекорд повторно го држи Мејведер, но од борбата во 2007 година против сонародникот Оскар дела Хојо, кога нивната борба ја следеа 2,4 милиони гледачи.

Пораката што ја упатија двајцата боксери упатува на фактот дека на почетокот на мај љубителите на овој спорт ќе можат да го проследат мечот на столетието.

– Многу сум среќен што Флојд Мејведер и јас можеме да им ја пружиме на навивачите борбата која ја чекаа толку години – истакна Пакјао.

– Она што светот го чекаше конечно е тука. Мејведер против Пакјао, 2 мај 2015 година, сѐ е договорено. Им ветив на навивачите дека ќе се договориме и успеавме. Драго ми е што мојата одлука да се сретнам со Мани и да разговараме за оваа борба допринесе договорот да биде постигнат. Ова ќе биде најголемиот настан во историјата на овој спорт. Љубителите на боксот и на спортот генерално, ќе бидат сведоци на нешто големо кое ќе се случи на 2 мај – порача Мејведер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top