„Милионерите“ од Борусија конечно заиграа онака како што се очекуваше од нив оваа сезона. Со вчерашната победа на гостински терен против Штутгарт од 3-2, успеаја да врзат три победи и да се искачат на десеттото место на табелата. Со новата победа Борусија сега заостанува седум бодови од местото кое води во Лига Европа и „само“ девет од Лигата на шампионите.
Избранциите на Јирген Клоп сериозно ја сфатија пораката од навивачите по поразот од Аугсбург пред четири кола на домашен терен, и од тогаш играат како препородени.
Од самиот почеток на натпреварот тргнаа во офанзива која беше кринисана со голот на Обамејанг во 25 минута од натпреварот. Сепак стартот на Сахин за најстрога казна го реализираше Клајн за израмнување на 1-1 во 32 минута. До крајот на првото полувреме Гундоган успеа повторно да го доведе својот тим во водство од 2-1.
Во вториот дел се играше на средината на теренот, а во самиот финиш беа постигнати уште два гола. Марко Ројс беше стрелец во 89 минута за заверување на новата победа, а Штутгарт преку Најдермајер само успеа да ја намали разликата во судиското продолжение.
VfB Stuttgart 2 – 3 Borussia Dortmund All Goals… by ViralDailyTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)