Унапредување на соработката ќе води кон надминување на ќорсокакот во билатералните односи, и ќе доведе до изградба на доверба меѓу Македонија и Грција, која е неопходна за решавање на разликите меѓу двете земји.
Ова од Атина го порача македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов, на тркалезната маса насловена како „Надминување на ќорсокакот преку соработка: пристап за градење доверба меѓу Скопје и Атина“. Настанот го организираше Грчката фондација за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП и на него учествуваа грчки и странски амбасадори, дипломати, експерти и странски и домашни новинари кои на Ангелов му поставија повеќе прашања.
Како што пренесува МИА, македонскиот амбасадор во своето излагање неколку пати повтори дека двете земји мора да соработуваат, а се осврна и на разликите околу името, во чиј контекст повтори дека за решавање на ова прашање мора да му претходи соработка.
Ангелов на крајот заклучи дека ваквите настани се мал, но важен чекор за кој изрази уверување дека ќе биде само еден од многуте слични настани кои ќе следат во двете земји, со цел унапредување на меѓусебното разбирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!