| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна работилница за тешко болни деца

deca1
Хуманитарна креативно-едукативна работилница под мото „Подаруваме, остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете“ ќе се одржи денеска од 17 до 19 часот во игротеката „Посејдон“ во трговскиот центар „Капитол мол“.
Работилницата ја организира невладината фондација за деца со тешки болести „Златна рипка“, со поддршка на издавачката куќа „Просветно дело“ и игротеката „Посејдон“.
Целта е парите од влезниците во игротеката да се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца и да се мотивираат што повеќе граѓани и компании да донираат за оваа најранлива категорија деца.
– Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции им ги остваруваме најголемите желби на децата на возраст од 3 до 16 години кои боледуваат од тешки болести.  Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно, соопшти фондацијата.
Сите кои сакаат да донираат за болните деца може да се информираат на веб-страницата на фондацијата: www.zlatnaripka.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top