Приближно 200 луѓе починаа од ебола, а двојно повеќе се заразиле во последната недела, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Од 13 февруари бројот на починати од ебола за 189, а заболеле 372. Вкупно 9.442 луѓе починаа, а 23.371 се инфицирале од вирусот на ебола од почетокот на епидемијата во Западна Африка.
Најголем број луѓе, 3.947, починале од ебола во Либерија. Бројот на заразени во таа западноафриканса држава изнесува 9.096.
Најмногу заразени со ебола, 11.155 има во Сиера Леоне, каде починале 3.423 лица.
Во Гвинеја, третата западноафриканска држава, најпогодена од епидемијата на ебола, починале 2.072 луѓе, а 3.120 се заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.