Перо Антиќ повеќе не е дел од „Атланта“. Нашиот единствен претставник во НБА-лигата, минатата година заедно со својот пријател Александар Димитровски-Мачка, свршеникот на поп-пејачката Тамара Тодевска, и познатиот угостител Александар Велков го отворија ресторанот „Атланта“, на кејот на реката Вардар, зад арената „Филип II“.
-Излегов од угостителскиот бизнис зошто согледав дека е многу тешко да се води, управува и менаџира ресторан кога не си физички присутен и притоа сето тоа да изгледа по твоја желба и вкус- вели Перо Антиќ. Не е познато дали сега ново-старите сопственици ќе го сменат името на ресторанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.