Зоран Заев сакајќи да ја изманипулира јавноста, на површина ги извади доказите кои говорат за криминалот на Љубе Бошкоски, кој што на незаконски начин со испрани пари ја финансирал својата изборна кампања.
Заев презентираше дека Бошкоски три пати земал „нечисти“ пари. Дека во моментот на полицискиот претрес кај Бошоски биле пронајдени 100 илјади евра, односно 10 пакетчиња по 10 илјади евра „испрани“ пари наменети за финансирање на кампањата.
Уште поскандалозно е што според телефонските разговори кои ги посочи Заев, се обелоденува дека Бошкоски земал и претходно нечисти пари, односно на два пати вкупно 30 илјади евра за неговата кампања. Не е тешко да се предвиди дека просечната казна за вакво дело е 5 години, колку и што се споменува во разговорот.
Она што исто така е очигледно што Заев и медиумите на СОРОС ги испревртуваат и ги ставаат во манипулативен контекст искреираните материјали кои Заев денеска ги објави.
Медиумите блиски до СДСМ веднаш по прес- конференцијата излегоа со бомбастични наслови кои немаа никаква врска со содржината на разговорите и сите до еден ги прескокнаа информациите поврзани со криминалот на Бошкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


