| четврток, 6 декември 2018 |

Јасно и големо „НЕ“ од граѓаните- пропадна обидот на СДСМ за протест пред Влада

Залудни се сите обиди и повици за да се организира наводен „спонтан протест“ пред зградата на Владата вечерва. Залудни се и повиците упатени преку социјалните мрежи од познатите активисти и дежурни аналитичари поддржувачи на опозицијата, кои со лажни објави дека од минута во минута се зголемува бројот на „револтирани“ на Илинденска.

Всушност, поддржувачите во криминалниот акт на Зоран Заев, под команда од Павел Шатев, без никаква најава стојат булеварот со натписи „Убијци“, „Психопати“, „Садисти“. Според информациите на контролираните медиуми финансирани од СОРОС, тие дури и го повикувале полициското обезбедување од објектот на Владата „да застане со нив а не спроти нив“.

Но, и овие дополнителни обиди за предизвикување „спонтан пуч“ се осуетени од народот. Ниту сите контролирани медиуми, ниту помошта од странските тајни служби, ниту дежурните аналитичари,  ниту пак целата партиска структура на СДСМ не беше доволна за граѓаните да го поддржат Заев во новиот обид да се направи протест на Илинденска. Тоа е само уште еден доказ дека граѓаните не му веруваат на Зоран Заев и дека не се подготвени да поддржат политичари кои за лични и теснопартиски интереси влегуваат во соработка со странски служби на штета на македонските национални позиции. Граѓаните му кажаа јасно и големо „не“ на Зоран Заев.

Наспроти ова, граѓанското движење за одбрана на Македонија од ден во ден добива се повеќе приврзаници. Илјадници граѓани без размислување излегуваат подготвени да застанат на браникот на државата во моменти кога некој се обидува со странска поддршка да и наштети на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top